Kонцертот на „Ту челос“ презакажан за 19 октомври

Концертот на популарното музичко дуо „Ту челос“ наместо на 6 октомври ќе се одржи на 19 октомври во ВИП арената „Борис Трајковски“, информира организаторот „Авалон продукција“. Тие додаваат дека промената е направена на барање на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, членовите на „Ту челос“.

Организаторите велат дека сите што купиле билети за концертот за 6ти, мора да ги заменат со нови.

„Поради падот на серверот кој е во Америка, ККЗС ги има изгубено нумерациите на досегашните продадени билети за трибини, па сите што досега имаат купено карти, ќе имаат можност до 3 септември да си ги заменат на продажните места од каде што ги купиле билетите и ќе ги добијат истите седишта за новиот датум, 19 октомври. До 3 септември нема да се врши продажба на нови билети за трибини, за истите да можат да се заменат за нови. Bлезниците за партер и фан пит остануваат во слободна продажба“, велат од „Авалон“.

Текстот Kонцертот на „Ту челос“ презакажан за 19 октомври е превземен од Reporter.mk.