Крис Браун уапсен на Флорида

Пејачот Крис Браун е уапсен вчера на Флорида, во Вест Палм Бич, пред да го одржи својот концерт во рамки на американската турнеја.

Од канцеларијата на шерифот откриле дека 29-годишниот пејач е уапсен на основа на налог од лани, иако не е наведено поради што е издаден налогот. Пејачот е пуштен откако ја платил кауцијата.

Неговата адвокатка за Си-ен-ен рекла дека пејачот веќе неколкупати имал проблеми со законот. Тој во 2009 година брутално ја претепа својата тогашна девојка Ријана и доби пет години условна казна.