Крис Хемсворт ќе го глуми Хулк Хоган

Филмското студио „Нетфликс“ ќе снима биографски филм за животот на кечерот Хулк Хоган. Него во филмот ќе го глуми австралискиот глумец Крис Хемсворт. Во текот на ’80те години Хулк Хоган беше еден од најпознатите кечери во светот. Тој повремено се глумеше есбеси во филмови, ТВ-серии, а по неговиот лик е направена и видео игра. Хоган имаше и свое реално шоу, „Хоган знае најдобро“.

Фановите на кечерот не се задоволни од изборот на глумец. Тие велат дека Хемсворт, иако добро граден, сепак изгледа како обичен човек, а дека Хоган во 1980-те години бил двојно покрупен од него.

Крис Хемсфорт се прослави со улогата на Тор, богот на грмотевиците, во филмовите на „Марвел“: „Тор“ и „Одмазници“.

Текстот Крис Хемсворт ќе го глуми Хулк Хоган е превземен од Reporter.mk.