Кристијано Роналдо со најмногу обожаватели на Инстаграм

Кристијано Роналдо стана личноста со најголем број на обожаватели на социјалната мрежа Инстаграм. Фудбалерот на Јувентус сега го следат над 144.4 милиони обожаватели.

Тој исто така ја престигна светската музичка ѕвезда Селена Гомез, која има 144 милиони обожаватели.

Кога ќе ги споредиме овие две ѕвезди, може да се каже дека Роналдо е многу поактивен на мрежите, во однос на американската поп пејачка, која во последно време зема мала пауза од социјалните мрежи.

Втор најследен фудбалер на светот е Нејмар со 104 милиони обожаватели, но во однос на другите светски ѕвезди, тој се наоѓа на 10-то место.

 

Текстот Кристијано Роналдо со најмногу обожаватели на Инстаграм е превземен од Reporter.mk.