Квентин Тарантино првпат ќе стане татко на 56 години

Светски познатиот режисер Квентин Тарантино на 56 години првпат ќе стане татко. Тој и неговата сопруга, израелската пејачка Даниела Пик (35), за магазинот „Пипл“ открија дека го чекаат нивното прво дете.

Даниела е ќерка на израелскиот пејач Цвика Пик. Тие се запознале 2009 година, за време на промоцијата на филмот Inglorious Bastards. Двојката се венча лани во ноември, на интимна церемонија во Лос Анџелес. На нивната венчавка присуствуваа и Брус Вилис, Семјуел Л. Џексон и Ума Турман. Ова е прв брак и прво дете на Тарантино.

„Кога снимам, филмот е моето дете, глумците и екипата се моето семејство, немам време за ништо друго“, изјави своевремено популарниот режисер.

Тој во интервју пред неколку години рече и дека ќе престане да режира кога ќе сними 10 филма или кога ќе реши да основа семејство. Неговиот последен филм Once Upon a Time in Hollywood, чиешто снимање го заврши лани пред свадбата со Даниела, е неговиот деветти филм.

Текстот Квентин Тарантино првпат ќе стане татко на 56 години е превземен од Reporter.mk.