„Квин“, Ламберт и Себастиjан ќе имаат концерт за помош на Австралија

Британскиот рок бенд „Квин“, американскиот кантавтор и глумецот Адам Ламберт, австралискиот пејач Гај Себастиjан и низа други познати музичари, ќе настапат во февруари во Сиднеј, на концерт за помош на Австралија.

Органзаторите на концеротт велат дека картите ќе се продаваат по цена од 100, 85 и 70 долари и истите ќе бидат пуштени во прдажба од понеделник. Австралиската комичарка Целест Барбер која преку „Фејсбук“ собра 50 милиони австралиски долари за помош на Австралија, ќе го води концертот.

Концертот Fire Fight Australia-Concert for National Bushfire Relief, ќе трае девет часа, а ќе се одржи на најголемиот стадион во Сиднеј. Британскиот рок бенд „Квин“ и Адам Ламберт кои на истото место ќе настапат еден ден претходно, ќе ја отстапат сцената за концертот кој ќе се одржи на 16 февруари.

Профитот од продадените карти и донациите ќе биде наменет за австралиските пожарникари, Црвениот крст и добротворните здруженија за заштита на дивите животни. Концертот е најавен уште минатата недела но имињата на изведувачите се потврдени во понеделникот.

Рок музичарот Алис Купер, која идниот месец ќе стигне на турнеја по Австралија, ќе им се приклучи на останатите изведувачи, меѓу кои и канадската пејачка Ланг, австралиските пејачи ЏОн Фарнхам, Оливија Њутон Џон, Тина Арена и многу други.

Текстот „Квин“, Ламберт и Себастиjан ќе имаат концерт за помош на Австралија е превземен од Reporter.mk.