Ладна војна на војвотките во кралското семејство

Светските медиуми деновиве на големо пишуваат за несогласувањата меѓу сопругите на двајцата браќа принцови. Според нив, односот меѓу војвотките од Кембриџ и Сасекс од пријателски преминал во натпреварувачки бидејќи Кејт Мидлтон наводно одбива да ѝ помогне на Меган да се прилагоди на животот во кралското семејство.

Мидлтон наводно не сакала да ѝ помогне на Меган, сопругата на принцот Хари, бидејќи сметала дека Маркл сака да ја надмине.

Мидлтон сметала дека вложила многу труд и време во пријателството со Меган, но имала впечаток дека не ѝ е возвратено во иста мера и не сака да биде искористена, пренесуваат светските медиуми.