Лана дел Реј има нова песна посветена на нападите во САД

Лана дел Реј ја промовираше новата песна Looking for America, која е одговор на нападите со огнено оружје што минатиот викенд се случија во САД.

„Не сум политичарка, не се обидувам да бидам и се извинувам што имам свое мислење, но заради сите напади деновиве и оние изминатиов период што влијаеја на мене, ја објавувам оваа песна… Се надевам дека ќе ви се допадне“, напиша пејачката на „Инстаграм“ каде што и го објави видеото со новата песна.

Во песната таа вели дека сѐ уште трага по „својата Америка – онаа во која нема пиштоли и знамињата слободно се вејат… Онаа во којашто наместо бомби, има само огномет, ти и јас“, пее таа.

За потсетување, минатиот викенд во САД се случија два напада со огнено оружје во коишто загина 31 лице.

Текстот Лана дел Реј има нова песна посветена на нападите во САД е превземен од Reporter.mk.