Лејди Гага има кажа на фановите дека е бремена

Веќе со месеци главна тема на сите светски таблоиди е Лејди Гага и нејзината наводна романса со Бредли Купер.

По снимањето на филмот „Ѕвездата е родена“ се појавија веста дека пејачката и пејачот многу се зближиле не само пред камерите, туку и зад нив. Пред доделувањето на Оскарите, пејачката откри дека раскинала со свршеникот Кристијан Карин. А на самото доделување на кое Гага и Купер ги разнежија сите со изведбата на “Shallow“ ги потикнаа гласините дека сепак има нешто повеќе од пријателство мегу нив.

По настапот на Оскарите се рашири и веста дека Гага наводно е бремена. На тие гласини, Лејди Гага самата одговори, на својот Твитер профил.

Гласини дека сум бремена? Да, бремена сум од #LG6“,  напиша Гага на својот Твитер.

Дел од обожавателите сфатија дека хаштагот #LG6 се однесува на нејзита нова песна, а дел ѝ честитаа.

Текстот Лејди Гага има кажа на фановите дека е бремена е превземен од Reporter.mk.