Светската ѕвезда Лејди Гага откри дека се верила за нејзиниот партнер Кристино Карино, нарекувајќи го „мојот вереник“ на настан што го организираше модниот магазин „Ел“. 32-годишната пејачка и актерка доби награда како една од највлијателните жени во Холивуд, по што во својот говор ги потврди гласините што се шират повеќе од три месеци. Гага и Карино се во врска повеќе од една година. За веридбата тој и купил прстен со розов дијамант.
Ова е втора веридба на пејачката која претходно беше верена за актерот Тејлор Кини, ѕвездата на серијата „Пожарникарите од Чикаго“.
Лејди Гага во моментов е актуелна со улогата во филмот „Ѕвездата е родена“, каде што глуми заедно со Бредли Купер.
Текстот Лејди Гага се вери вторпат е превземен од Reporter.mk.