Лејди Гага се вери вторпат

Светската ѕвезда Лејди Гага откри дека се верила за нејзиниот партнер Кристино Карино, нарекувајќи го „мојот вереник“ на настан што го организираше модниот магазин „Ел“. 32-годишната пејачка и актерка доби награда како една од највлијателните жени во Холивуд, по што во својот говор ги потврди гласините што се шират повеќе од три месеци. Гага и Карино се во врска повеќе од една година. За веридбата тој и купил прстен со розов дијамант.

Ова е втора веридба на пејачката која претходно беше верена за актерот Тејлор Кини, ѕвездата на серијата „Пожарникарите од Чикаго“.

Лејди Гага во моментов е актуелна со улогата во филмот „Ѕвездата е родена“, каде што глуми заедно со Бредли Купер.

Текстот Лејди Гага се вери вторпат е превземен од Reporter.mk.