Лејди Гага се всели во станот на Бредли Купер

Лејди Гага неодамна се всели во станот на глумецот Бредли Купер во Њујорк, пишува Star Hit. Тие се повикуваат на а пријател на актерот, кој тврди дека двојката живее заеедно скоро еден месец. Наводно, Гага освен што донела облека и лични предмети, нарачала и нов мебел за станот, пишува магазинот.

„Брели е фокусиран на нивната врска која станува многу сериозна. Не се сомневам дека се заљубени. Тоа што Гага се всели во неговиот стан е само логичен чекор на тоа што им се случува. Откако Бредли и Ирина не се заедно, веќе немаат причина да се кријат“, рекол пријателот на Купер.

За потсетување, Бредли и рускиот модел, Ирина Шајк, се разделија неодамна по 4-годишна врска. Тие ја имаат ќерката Леа. Неколку месеци пред тоа Лејди Гага ја прекина нејзината веридба со менаџерот Кристијан Карино. Според американските медиуми, Гага е бремена, а татко на бебето е Бредли. Тие засега не ја потврдуваат, ниту ја демантираат оваа информација.

(Фото) Ирина Шајк го откачи Бредли Купер, па се сликаше топлес

Текстот Лејди Гага се всели во станот на Бредли Купер е превземен од Reporter.mk.