Лејди Гага со камион го разнесува новиот албум низ Америка

Светската ѕвезда Леjди Гага сама го дистрибуира новиот албум „Хроматика“ низ Америка. Гага најми камион и почна да ги доставува копиите од албумот во музичките продавници во Лос Анџелес. Таа освен што го вози камионот на кој има залепено постери со обвивката на албумот, објави и голем број слики на Инстаграм од нејзината авантура. Фановите ја пофалија што решила да го забрза процесот на продажба на албумот во време кога музичката индустрија стагнира.

„Лично му ја доставувам „Хроматика“ на секој трговец. Во светот на хроматика не постои никаква дистанца“, вели пејачката.

На новиот албум „Хроматика“ има 16 песни. Албумот беше најавен на 10 април, но неговата промоција беше одложена поради коронавирусот. Тогаш пејачката на своите обожаватели им упати порака да бидат силни и да се стрпат уште неколку недели за да можат да уживаат во новите песни.

„Иако верувам дека уметноста е една од најсилните работи што обезбедува радост и заздравување во едно вакво време, јас едноставно не уживам да го објавам овој албум со сè што се случува во оваа глобална пандемија“, рече тогаш Гага.

Текстот Лејди Гага со камион го разнесува новиот албум низ Америка е превземен од Reporter.mk.