Лекарите му ја извадија слезината на Дарко Лазиќ

На пејачот Дарко Лазиќ денеска му беше извршена операција во која му била извадена слезината, вели лекарскиот тим кој што го надгледува пејачот.

Дарко Лазиќ во вторникот на 23 октомври се здоби со тешки телесни повреди во сообраќјна несреќа на пат кон Белград. Лекарите кои деновиве го ставија пејачот во вештачка кома, денеска мораа да интервенираат поради внатрешното крварење.

На Лазиќ му пукнала слезината која предизвикала сериозно внатрешно крварење. Операцијата траела два часа. Пејачот има и пукнато ребро, а пробиени му се и белите дробови. Засега бубрегот лекарите велат дека не смеат да го оперираат затоа што е премногу ризично.

Пејачот е ставен на вештачко дишење, затоа што реброто му го пробило белиот дроб. Наредните 24 часа се критични за него, а лекарите се надеваат дека нема да дојде до уште едно внатрешно крварење. Дарко во моментов се наоѓа во шок собата.

Директорот на KBC Земун Драгош Стојановиќ излегол од канцеларијта и им соопштил на новинарите дека тие и семејството донеле одлука од сега па во иднина повеќе да не даваат изјави за состојбата на Дарко Лазиќ.

 

Текстот Лекарите му ја извадија слезината на Дарко Лазиќ е превземен од Reporter.mk.