Лени Кравиц во врска со тинејџерка

Лени, кој веќе навлезе во шестата деценија, сепак, не мирува кога станува збор за љубовта. Лени со новата избраничка е фотографиран во Мајами пред неколку дена, се шпекулира дека таа се занимава со моделство и дека има само 19 години, иако нејзиниот идентитет сè уште е непознат за јавноста.

Фановите го осудија изборот на познатиот пејач забележувајќи му што е 10 години помлада од неговата ќерка. Лени Кравиц отсекогаш бил најголем заводник меѓу пејачите, се чини дека со текот на годините не се менува. На листата на жени со кои се забавувал се запишани и Никол Кидман, Ванеса Паради, Мишел Родригез, Адриана Лима, Наоми Кемпбел, Мадона, Стела Макартни.

Не треба да се заборави ниту актерката Лиза Бонет, единствената која успеа да го однесе пред олтар и со која ја има ќерката Зое. Лени и Лиза беа во брак шест години, од 1987 до 1993 година, и ден-денес се во многу добри односи и се голема поддршка еден на друг.

Текстот Лени Кравиц во врска со тинејџерка е превземен од Reporter.mk.