Леонардо Ди Каприо тајно се оженил

Британскиот магазик „Океј“ тврди дека Леонардо ДиКаприо тајно се оженил со својата девојка Камила Мороне. Според нив, свадбата се одржала на почетокот на февруари, затоа што Камила е бремена. Според списанието, тие ги размениле своите брачни завети на приватен остров на Бахамите, непосредно пред Оскарите.

„Веста ја чуваат во тајност, а прославија само со неколку колеги. Имаше многу смеа, прегратки и солзи радосници,“ рекол анонимен извор за списанието.

Глумецот, кој од април 2018 година е во врска со 23 години помладата Камила, наводно ова го направил според советите од неговиот пријател Бред Пит.

„Бред, кој зад себе има големо искуство, му даде на Лео неколку совети како да го направи тоа и да биде навистина совршено. Се разбира, Камила се согласи“, тврди изворот.

Веста за венчавката и бременоста за сега не ја потврдија ниту манекенката ни глумецот.

Текстот Леонардо Ди Каприо тајно се оженил е превземен од Reporter.mk.