Лина Пејовска влезе во финалето на најпопуларното хрватско музичко шоу

Македонската пејачка Лина Пејовска влезе во финалето на хрватското музичко шоу „Ѕвезди – летен хит“. Таа го воодушеви жирито со песната на Тончи Хуљиќ, Tower of Babylon, која на фестивалот „Дора“ ја пееше Лорна Буќан. Потоа испеа и дует со Петар Грашо.

„Совршена си, не можам да поверувам дека имаш само 16 години. Поседуваш се што треба да има една ѕвезда“, и рече Андреа Андерсај, една од членовите на жирито.

Лина уште од почетокот е една од милениците на публиката, но и на жирито во кое се членови Тончи Хуљиќ, Петар Грашо, Бранко Ѓуриќ, Нина Бадриќ и Андреа Андерсај. Таа во првиот круг ја пееше евровизиската песна My Number One од Хелена Папаризу

„За учество во музичкото шоу се пријавија преку 2000 кандидати, а влегоа само 60, меѓу кои и јас. Во првиот круг поминав одлично, добив преубави коментари од жирито и затоа сум презадоволна од мојот настап“, рече неодамна Лина за „Репортер“.

Јавноста во регионот ја запозна Лина по учеството во шоуто „Пинкови ѕвездички“. Од неодамна таа снима преработки на светски и балкански хитови, а нејзините видеа имаат преку 2 милиона прегледи на „ЈуТјуб“.

Финалето на најпопуларното музичко шоу во Хрватска ќе се одржи следната сабота (22 јуни).

Лина Пејовска растури во популарно хрватско музичко шоу

Текстот Лина Пејовска влезе во финалето на најпопуларното хрватско музичко шоу е превземен од Reporter.mk.