Луис Фиго и Пеп Гвардиола во љубов, славните фудбалери во геј афера

Геј-афера меѓу Луис Фиго и Пеп Гвардиола го стресе фудбаскиот свет. Двајцата се најдоа во центарот на скандалот во кој се тврди дека биле во љубовна романса.

Легендарниот португалски фудбалер Луис Фиго на крајот на минатиот век, кога настапуваше за Барселона, го носеше дресот на Каталонците, заедно со еден од најдобрите тренери на денешницата Пеп Гвардиола.

И двајцата во тоа време важеа за блиски пријатели, а во еден период биле и цимери.

„Гвардиола е мојот добар пријател. Многу ми помогна. Ми беше и цимер, но ништо повеќе од тоа. Јас сакам жени“, изјавил Фиго пред новинарите, негирајќи било каква афера со Гвардиола.

На прашањето зошто фудбалерите кои се хомосексуално ориентирани во шпанската лига, тоа ретко го признаваат, Фиго одговорил дека фудбалот во овој дел од светот знае да биде доста суров.

„Играте секој викенд и секогаш сте на мета на критики. Фудбалерите кои се хомосексуалци веројатно повеќе се плашат за себе отколку што што се срамат“, објаснил Фиго.

Портуалецот е оженет со шведската манекенка Хелен Сведин, со која има три деца.

Текстот Луис Фиго и Пеп Гвардиола во љубов, славните фудбалери во геј афера е превземен од Reporter.mk.