Луис Хамилтон сними дует со Агилера

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, сними дует со светската ѕвезда Кристина Агилера. Песната „Пајп“ е дел од осмиот албум на пејачката. 33-годишниот Хамилтон, кој го напишал текстот на песната, се појавува под псевдонимот ХНДА.

Агилера за американските медиуми изјави дека се заколнала во тајност за вистинскиот идентитет на ХНДА, но дека „гори од желба сите да дознаат колку двајцата се мултиталентирани“.

Медиумите претходно пишуваа дека Хамилтон претходно соработувал со Џеј Зи и Канје Вест, дека пишувал текстови за нивни песни, ама ова е првпат да запее.

Агилера откри дека со Хамилтон се запознала по настапот на концертот за Ф1, а потоа се дружеа и заедно за време на трката во Азербејџан во април годинава.