„Луј Витон“ го отвори првиот ресторан

„Луј Витон“ го отвори својот прв ресторан, кој е во рамките на неговата нова продавница во Осака во Јапонија. Целата внатрешност во ресторанот е дело на дизајнерскиот тим на брендот.

Наречен „Сугалабо В“, се наоѓа на првиот кат од продавницата, лоцирана на булевар во центарот на Осака на кој се наредени луксузни бутици. Со кујната раководи угледниот јапонски готвач Јосуке Суга.

Ресторанот го карактеризира приватна атмосфера, па во неговите неколку простории во една вечер ќе може да јаде само мала група гости. Тие ќе можат да изберат да седат на класична маса или на шанк со високи столчиња кои имаат поглед на отворената кујна. Цените на менијата почнуваат од 275 долари. На последниот кат од продавницата се наоѓа и кафуле.

 

 

Текстот „Луј Витон“ го отвори првиот ресторан е превземен од Reporter.mk.