Лука Лазукиќ пред бракот планирал на Наташа Беквалац да ѝ земе сè

Стеван Јаковљевиќ тврди дека поранешниот кошаркар Лука Лазукиќ ги чувал сметките од ресторан и сè што плаќал додека бил со својата сопруга Наташа Беквалац затоа што имал  цел да се разведе од неа и да ѝ земе дел од имотот.

Лука Лазукиќ смислено влегол во брак со Наташа Беквалац за да ѝ земе дел од имотот, вели адвокатот Стеван Лаковљевиќ.

Откако во медиумите излегоа сметките од рестораните, авиобилетите и уредите во куќата и автомобилот кои Лаузиќ ги приложил до судот и барал од Беквалац да му ги врати сите пари, познатиот адвокат дошол до заклучок дека се работи за однапред испланирана измама.

„Дефинитивно човекот во брак влегол со задача на сопругата да ѝ го земе целиот имот. Тоа се оние мажи што се женат и сакаат да земат сè. Тоа не била искрена врска. Тоа немало никаква врска со брак. Човекот веќе се подготвувал за тоа, но лошо се подготвувал“, вели Јаковљевиќ и продолжил: „Тоа е под секое ниво на еден човек. Повеќе личи дека жената му давала пари затоа што никој маж не собира сметки освен ако подоцна не сака да докаже дека парите се негови. Не знам кој го научил да направи вакво нешто. Замислете колкав куп  документи се тоа. Замислете да сте платиле за цедени сокови од по 200 динари, а потоа да барате 20 милиони динари. Колкава е таа документација што мора да му ја достави на судот? Нема шанси да го добие тоа што го бара“, вели Јаковљевиќ.

Стеван за време на својата триесетгодишна работа во адвокатурата никогаш се нема сретнато со ваков случај.

„Ова првпат го гледам, ма немам ниту слушнато дека некој покренал ваков случај. Сум работел на разни случаи, и кога биле во прашање тешки односи, но вакво нешто гледам првпат. Срам ми е што сум машко“, завршил адвокатот.

Лука Лазукиќ во тужбата за развод од пејачката Наташа Беквалац побарал 20 милиони динари.

Тој како доказ дека трошел пари на својата сопруга, ги чувал сметките од ресторан. Приложил дека платил две пици, две ракии, салата, грчка пита, два јогурта. Доставил и фактура за авиобилети до Атина, сметки од уреди за електрична наплата на патарина, но и за пет светилки и штекери од по 40 динари за синот на Наташа во Дедиње. Тврди и дека вложил во фармата на пејачката во Ченеј во Нови Сад.