Мадона гола од када испрати порака за коронавирусот

Пејачката Мадона на своите профили на социјалните мрежи објави кусо видео, каде што зборуваше за коронавирусот.

Поп-кралицата зборуваше гола од када, а во своето емотивно обраќање пред јавноста истакна дека вирусот нè изедначува сите.

„Тоа е нешто со Ковид-19. Не обрнува внимание на тоа колку сте богати, колку сте познати, колку сте забавни, колку сте паметни, каде живеете, колку години имате, какви прекрасни приказни можете да кажете. Овој вирус е голем изедначувач. Она што е прекрасно е што сите нè изедначува, во многу случаи“, рече Мадона и додаде „Како што порано кажував, на крајот на човечката природа секоја вечер, ако овој брод оди надолу, сите заедно одиме надолу“,

Текстот Мадона гола од када испрати порака за коронавирусот е превземен од Reporter.mk.