Мајката на Бред Пит не ја поднесува Џоли

Мајката на Бред Пит, Џејн Пит, не ја поднесува неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли, пренесуваат светските медиуми. Таа ја обвинува глумицата бидејќи манипулирала со нејзиниот син и не му дозволувала да ги гледа децата. Џејн е најголемата поддршка на Пит, по разводот со Џоли, вели близок пријател на глумецот.

„Бред Пит ја донесе мајка си  на доделувањето на Оскарите. Таа е тврда како камен. Никогаш нема да ѝ прости на Џоли за сето тоа низ кое помина нејзиното семејство. Особено не сака да ѝ прости затоа што не му дозволуваше да ги гледа децата, откако двајцата најавија дека ќе се разведат“, вели изворот.

Тој објаснува дека Бред во голем број наврати се обидувал да спречи расправија меѓу двете. Глумецот за разводот со Анџелина потрошил 100 милиони долари, нешто што Џејн исто така не може да ѝ го прости на Џоли.

Текстот Мајката на Бред Пит не ја поднесува Џоли е превземен од Reporter.mk.