Мајкл Даглас и Кетрин прославуваат роденден на ист ден

Двојката Мајкл Даглас (75) и Кетрин Зета-Џонс (50) се родени на ист ден, 25 септември, а единствената работа што ги дели е разликата од 25 години меѓу нив. Тие еден на друг си го честитаа роденденот на своите профили на „Инстаграм“. Мајкл на својот профил ја објави нивната фотографија од свадбата.

„Среќен роденден, драга. Те сакам толку многу и одвај чекам да го прославиме овој важен ден заедно“, напиша тој.

Додека Кетрин-Зета објави краток видеоклип од спотот на песната „Мајкл Даглас“ и си го честиташе роденденот себеси, но и на нејзиниот сакан.

„Среќен роденден на мене, среќен роденден на мене и на мојот сопруг Мајкл Даглас! Среќен роденден на сите“, напиша Кетрин-Зета.

Годинава двојката прославува 20 години љубов и брак. Како што вели Мајкл, тоа било љубов на прв поглед и штом ја видел, си ветил дека ќе биде татко на нејзините деца.

Текстот Мајкл Даглас и Кетрин прославуваат роденден на ист ден е превземен од Reporter.mk.