Мајкл Даглас организирал киднапирање на син му за да го однесе на рехаблитација

Светскиот глумец Мајкл Даглас го организирал киднапирањето на синот Камерон, со цел да му помогне во борбата со дрогата и да го однесе на рехабилитација. Ова го открива Камерон во своите мемоари.

Камерон во минатото имал проблеми со дрогата. Кога имал 26 години, тој раскажал дека бил нападнат од тројца мажи кои го пикнале во црно комбе. Подоцна открил дека нив насилниците ги ангажирал неговиот татко Мајкл Даглас кој сакал по секоја цена да му помогне.

За жал рехабилитацијата завршила неуспешно, а Камерон подоцна завршил во затвор каде минал седум години.  Камерон излезе во 2016 година, а во своите мемоари открива дека поради татко му тој почнал да се дрогира.

Камерон пишува дека пред него, татко му имал проблеми со дрогата. Семејните проблеми почнале кога неговата сопруга Диандра Лукер ја нашла марихуаната и му ја покажала на Камерон.

„Камерон, знаеш ли што е ова. Татко ти се дрогира!“, му викала Диандра на Камерон.

Тоа било период пред да излезат филмовите „Ниски страсти“, „Фатана привлечност“, „Вол Стрит“. Камерон открива дека тогаш Мајкл почнал да го носи на забави со други ѕвезди од кои почнал да набавува дрога.

Текстот Мајкл Даглас организирал киднапирање на син му за да го однесе на рехаблитација е превземен од Reporter.mk.