Македонец најдобар на меѓународен натпревар по програмирање

Петнаесетгодишниот Благојче Павлески од Прилеп го освои првото место на 18. меѓународен натпревар по програмирање „Коуд ИТ“ 2017-2018 година неодамна се одржа во Бугарија. Натпреварот е во организација на софтверската компанија „Мусала софт“, а под покровителство на бугарскиот претседател, Румен Радев. Второто место го освои Виктор Кожухаров од Бугарија, а трет беше Доријан Лендвај од Хрватска.

Павлески заврши деветто одделение и беше прогласен за ученик на генерација во своето училиште. Изминатите години учествувал на голем број натпревари и освоил број награди од областа на математиката, биологијата, физиката, но и на натпревари во спортот и во ликовната уметност.

Текстот Македонец најдобар на меѓународен натпревар по програмирање е превземен од Reporter.mk.