Македонка стана најубава жена на Европа и Азија

Емилија Димитровска од Скопје е меѓу 10-те најубави жени од Европа и Азија,  на изборот за убавина „Мис туризам Евроазија 2018“. Изборот се одржуваше во Анталија, Турција. Емилија успеа да се пласира меѓу десетте најубави, а беше во конкуренција со 30 девојки од исто толку држави од Азија и Европа. Победи претставничката на Латвија, а мисиците на Кипар и Русија беа избрани за прва и втора придружничка.

Емилија, која е членка на модното студио „Црнокрак“, кој ја поседува лиценцата за овој избор, освен со убавината привлече внимание и со фустанот што го носеше. Таа се претстави во тоалета од дизајнерката Ива Спасовска, која решила да ѝ ги открие градите со провиден тул, но токму поради  уникатниот фустан Емилија беше една од манекенките кои оставија најголем впечаток во финалето. Настанот се одржуваше во хотелот „Топкапи палас“, а девојките во Анталија престојуваа 15 дена.