Македонски глумци собираат пари за лекување на Момо Николоски

Глумците од Македонски народни приказни неделава одржуват претстави во Домот на културата во општина Ѓорче Петров, а собраните средства од продажбата на билетите ќе ги донираат за лекување на фолк-пејачот Момо Николоски. На пејачот неодамна му беше дијагностициран рак на желудникот заради што мора да оди на лекување во странство.

Општината, преку основните училишта ги организираше ученците да ја посетат театарската претстава. Цената на билетите е симболична, велат тие, а парите ќе помогнат во лекувањето на Николоски.

„Ги повикуваме сите хумани граѓани кои се во можност да донираат на следната донаторска сметка: 200003411779440“, додаваат оттаму.

Сакам и догодина заедно да славиме роденден – сопругата на Момо повторно бара помош

Текстот Македонски глумци собираат пари за лекување на Момо Николоски е превземен од Reporter.mk.