Македонскиот актер Максим во самоизолација оти бил во авионот со патничката заразена со коронавирус

Македонскиот актер, музичар и пантомимичар Кирил Трајковски-Максим, познат како Марлон Брандо, е во самоизолација. Тој во петокот се враќаше со авионот од Барселона во кој беше и девојката која на тестирањето беше позитивна на коронавирус.

Претходно Кирил на својот фејсбук-профил објави дека се враќа од Барселона со уште еден свој другар, и побара од своите фејсбук-следбеници совет како да постапи одговорно поради опасноста од евентуална зараза и ширење на вирусот КОВИД-19.

„ Јас и другар ми сме у Барселона убаво ни е да не не мислите. Утре се враќаме и не интересира дали некој медицински персонал во Македонија ќе не пресретне на аеродромот или да идеме директно у некој центар да не тестираат. И исто ме занима дали воопшто имаат некоја метода и на кој начин ќе не истестираат со оглед дека има 14 дена инкубација“, напиша Кирил.

Во меѓувреме е ставен во самоизолација и одлучи да ги информира своите пријатели како ги поминува деновите. –

„Карантин – ден 1.  Денес е првиот ден од самоизолација и се осеќам различно. Вчера вечерта дојдовме во село и не чуваат на спрат од ќуќа. Немам контакт со никој освен со другар ми кој е во другата соба. Сега за сега немам никакви симптоми. Во исчекување сум да добијам информации за девојката која се враќаше со нас од Барселона и ја задржаа на нашиот аеродром зошто не изгледаше добро… Секоја чест што си носеше маска на себе во случај да не зарази други лица. Подоцна дознав за кого се работи и знам дека живееше и студираше во Италија. Ако се потврди дека е позитивна се надевам ќе не контактираат и ќе не носат комплет цел екипаж со се пилотот и стјуардесата.

 

Текстот Македонскиот актер Максим во самоизолација оти бил во авионот со патничката заразена со коронавирус е превземен од Reporter.mk.