Маленко не дојде на свадбата на Лора

Поранешниот пливач Александар Маленко не присуствуваше на свадбата на ќерката Лора, што ја има од бракот со Сузана Турунџиева. Маленко, кој со години не контактираше со својата најстара ќерка, ја виде првпат пред две години откако Лора му испрати јавна порака дека „никогаш не бил вистински татко и дека по целото време поминато без него, веќе не ѝ треба“. По писмото, тој го обнови контактот со Лора. Сега, вели дека на ќерка си и на нејзиниот маж им посакува многу среќа и љубов.

„На сѐ што е убаво секој човек треба да се радува. Јас сум многу среќен за мојата ќерка. Нејзиниот сопруг го познавам од порано. Тие се прекрасна двојка и совршени се еден за друг. Господ нека им дава здравје, среќа и љубов“, изјавил Маленко за „Женски магазин“.

Сузана и Маленко беа во брак подолго време, а се венчаа кон крајот на ’90-тите. Тој  на венчавката го смени своето презиме, и го зема презимето на Сузана, па од Маленко стана Турунџиев. Двојката се разведе отако се роди Лора, по што Маленко, се зема со актерката Јелена Жугиќ, со кого го има синот Ахил. По разводот со Жугиќ, тој беше во врска со поп-пејачката Фани, а кратко потоа се ожени со Русинката Татјана Михајловна Фјодорова, со која има едно дете. Во моментов Маленко е во брак со Фенче со која има два сина.

Текстот Маленко не дојде на свадбата на Лора е превземен од Reporter.mk.