Манекенката Мартина Михајловска стана мајка

Поранешната манекенка и водителка на „Бекстејџ“, Мартина Михајловска, вчера стана мајка. Таа роди ќерка која ќе се вика Алана. Веста за раѓањето на бебето на својот „Инстаграм“ ја објави мажот на Мартина, охридскиот бизнисмен Виктор Илоски.

Мартина и Виктор се венчаа лани летото. Тие долго време криеја дека се во врска. Па така, ни веста за бременоста на Мартина не ја открија до породувањето на манекенката.

Јавноста освен како водителка и манекенка, Мартина ја знае и по појавувањето во спотот на Александар Тарабунов, за песната „Сакам, не сакам“.

(Фото) Се омажи манекенката Мартина Михајловска

Текстот Манекенката Мартина Михајловска стана мајка е превземен од Reporter.mk.