Маса: Знам како му е на Шумахер, се надевам брзо ќе го видам на патеките

Поранешниот тимски колега на Михаел Шумахер, Фелипе Маса, тврди дека е запознает со здравствената состојба во која се наоѓа Германецот и се надева дека шампионот повторно ќе може да се врати на трките и да го види на патеките.

„Со неговата сопруга Корина не се дружевме често, затоа што таа не доаѓаше на трките. Мораме да имаме во предвид дека оваа ситуација не е нималку лесно. Мораме да го почитуваме семејството и фактот дека тие не сакаат да изнесуваат детали во јавноста“, изјавил Маса.

Шумахер во 2013 година доживеа тешка несреќа за време на скијање во Франција. Во неговиот пад, Германецот тешко ја повреди главата, откако удри во карпа, а од тогаш тој се бори за својот живот.

Долго време беше во кома, а информации за неговата состојба не излегуваа во јавноста, до ден денес. Ретко кој има пристап до неговиот имот, а на неколку месеци, се дознава некоја ситница за неговата состојба.

Сепак Маса открива дека он ги знае сите детали.

„Знам во каква состојба е. Ги имам сите информации. Со Шумахер отсекогаш бев близок“, изјавил Маса за „Фокс Спорт“ и додава дека го сонувал секој ден и се молел за него да му биде подобро. Тој се надева дека што поскоро Шумахер ќе оздрави и дека еден ден ќе може да го види на патеките како поддршка за неговиот син.

 

 

 

Текстот Маса: Знам како му е на Шумахер, се надевам брзо ќе го видам на патеките е превземен од Reporter.mk.