Матеја Кежман по петти пат ќе стане татко

Познатиот српски фудбалер Матеја Кежман повторно ќе стане татко, пренесуваат српските медиуми. За Кежман ова ќе биде петто дете. Близок пријател на фудбалерот вели дека Кежман со неговата сопруга Тара Шумоњ се пресреќни што наскоро ќе станат родители.

„Тара е пресреќна што ќе стане за првпат мајка, а радосните вести веднаш ги сподели со својот сопруг Кежман. Иако има четири деца, Матеја се израдува на оваа вест како да му е прво. Двајцата не сакаа да откриваат на никого пред да мине првото тримесечје. Веста ја споделија само со нивните родители. Веднаш откако докторот им потврди дека сè е во ред и дека бременоста минува во вистински правец, Матеја прво ги собра неговите деца и им кажа дека ќе добијат брат или сестра. Тара е во четврти месец од бременоста и многу се радува“, вели извор близок до Кежман.

Текстот Матеја Кежман по петти пат ќе стане татко е превземен од Reporter.mk.