Матеја Кезман под истрага поради перење на 30 милиони евра

Поранешниот српски фудбалски репрезентативец Метаја Кезман, се сомничи дека во моментите на трансфер на неговиот клиент Сергеј Милинковиќ Савиќ во Белгија, испрал најмалку 30 милиони евра.

Во една од најголемите меѓународни полициски акции поради малверзација во фудбалот, зад решетки се најдоа дури двајца негови најблиски соработници, Урош Јанковиќ, кој е уапсен во Белград, но и Дејан Вељковиќ, на кој му ставија лисици во Белгија.

И тројцата биле членови на менаџерскиот тим кој го водел трансферот на еден од најбараните фудбалери во Србија Сергеј Милинковиќ Савиќ, кој од Војводина е продаден во белгиски Генк.

Како што течела акцијата на пресметка со фудбалската мафија под името „Чиста рака“, засега не се откриваат сите имиња на познати поранешни фудбалери и менаџери. Медиумите во Србија пишуваат дека повеќе детали и апсења се очекува да се случат во следните денови.

Текстот Матеја Кезман под истрага поради перење на 30 милиони евра е превземен од Reporter.mk.