Матео Ковачиќ пристигнува со Изабел во Лондон

Фудбалерот Матео Ковачиќ (24) потпиша едногодишен договор со англискиот фудбалски клуб Челзи и наскоро се очекува да се пресели во Англија со сопругата Изабел Ковачиќ (25). Матео досега играше за Реал Мадрид и ток и Изабел живееја во Мадрид. Навивачите на „кралевите“, разочарани ја дочекаа одлуката на фудбалерот.

Англиските фанови уште на мундијалот во Русија, Изабел ја споредија со поп дивата Шакира, а сега радосни ја дочекаа веста за нејзината преселба во Лондон.

Откако дознаа за бракот со Матео преку социјалните мрежи, Англичаните воодушевени го чекаат нејзиното пристигнување, пишува „Дејли Стар“.

„Таа е нашата нова кралица на Лондон“, коментирал еден англиски обожавател. Британските медиуми пишуваат дека Изабел го следела сопругот на сите мечеви на Светското фудбалско првенство. Изабел се занимава со продажба на произвои за бебиња. Во Русија, покрај Шакира, Изабел ја споредуваа и со Бијонсе.

Изабел и Матео годишниот одмор го минаа на хрватското крајбрежје, каде се дружеа со Лука Модриќ и неговата сопруга Вања, на луксузна јахта.

 

Текстот Матео Ковачиќ пристигнува со Изабел во Лондон е превземен од Reporter.mk.