„Маж ми не сака да ги намалам градите“, Драгана Мирковиќ прозборе за пластичните операции

Фолк-пејачката Драгана Мирковиќ неодамна проговори за пластичните операции. Таа откри дека морала да направи корекција на носот, ама и дека од поодамна сака да ги намали градите, но дека нејзиниот сопруг Тони не ѝ дозволува.

„Тој ме сака таква каква што сум, вели дека сум му совршена, и затоа не ми дава да ги намалам градите. За разлика од повеќето жени што сакаат да ги зголемат, јас сакам да ги намалам своите бујни природни гради“, рекла таа во интервју за „Ало“.

Во интервјуто, Драгана раскажала дека морала да направи операција на носот, делумно и за да го подобри дишењето, но и затоа што не била задоволна од изгледот. Но, таа вели и дека не ги сака пластичните операции и дека е грдо кога луѓето со операција си го менуваат изгледот до непрепознатливост.

„Немам ништо против мали корекциии за подобар изглед, па и јас го направив тоа. Но, некои луѓе претеруваат, тоа не ми е нормално“, додала Драгана.

Текстот „Маж ми не сака да ги намалам градите“, Драгана Мирковиќ прозборе за пластичните операции е превземен од Reporter.mk.