„Медена земја“ е совршен филм, Џејми Ли Кертис воодушевена од македонскиот кандидат за Оскар

По коментарите на светската актерка Сара Џесика Паркер, за документарецот „Медена земја“ се огласи и нејзината колешка Џејми Ли Кертис. Таа ги пренесе импресиите на „Твитер“ за македонскиот кандидат за Оскар. За Кертис „Медена земја“ во овој момент е совршен филм.

„Алчност, семејство, љубов, чест, природа, упорност, запрепастена сум“, напиша Кертис на „Твитер“.

Филмот ги освои сите светски награди со улогата на единствената Атиџе. „Медена земја“ е номинрин за Оскар во две категории, за најдобар документарец и странски филм, со што постигна историски успех за македонската кинематографија.

 

Текстот „Медена земја“ е совршен филм, Џејми Ли Кертис воодушевена од македонскиот кандидат за Оскар е превземен од Reporter.mk.