Меган Фокс ќе глуми во српски филм

Холивудската ѕвезда Меган Фокс ќе глуми во новиот филм на српскиот режисер Лазар Бодрожа, пишува магазинот „Варајати“. Филмот со наслов „Аурора“ ќе почне да се снима на почетокот на мај во Србија, а делови ќе се снимаат и во Америка.

Меган ќе глуми астронаут во вселенска станица, која треба да ги следи сончевите бури што ја загрозуваат Земјата. Таа открива дека брановите од бурата го искривуваат времето и од тој момент таа почнува емоционална и психолошка борба со сопственото минато и со сегашноста.

Филмот премиерата ќе ја има во 2021 година на европскиот филмски маркет во Берлин.

Инаку, Бодрожа е познат српски режисер кој доби награда на фестивалот „Фест“ за научно-фантастичниот филм „Едерлези рајзинг“.

Текстот Меган Фокс ќе глуми во српски филм е превземен од Reporter.mk.