Меган ги налути вработените во новиот дом

Меган Маркл со принцот Хари се пресели во новиот дом во Frogmore Cottage и веднаш штом се сместиле во новата резиденција, војвотката решила да воведе промени кои наишле на негодување кај нивните вработени.

Меган, како што пишува „Дејли мејл“, им забранила да го користат паркингот кој се наоѓа во непосредна близина на нејзиниот нов дом кои досега со години го користеле. Своите автомобили вработените ќе мора да ги паркираат на километар ипол оддалеченост, во близина на јавниот парк на кралот Едвардс.

Официјалното објаснување е дека таа одлука ја донел управителот на дворецот „Виндсор“ во чиј склоп е и резиденцијата на Меган и Хари, но вработените се уверени дека зад таквата одлука стои војвотката.

Меган и Хари сакаат да имаат приватност бидејќи наскоро таа ќе се породи и двајцата решиле  дека за разлика од принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, тие нема веднаш да соопштат јавно кога ќе дојде бебето. Тоа ќе го напрат кога ќе сметаат дека се спремни.

Текстот Меган ги налути вработените во новиот дом е превземен од Reporter.mk.