Со видео на социјалните мрежи, принцот Хари и Меган Маркл се пофалија дека денес ја прославуваат првата годишнина од брак. Видеото има досега необјавени црно-бели слики од свадбата, моменти од подготовката и лични доживувања на младенците со нивните роднини.
„Ви благодариме за целата љубов и поддршка што ја добивме од толку многумина од вас во светот. Секој од вас го направи денот уште поспецијален“, стои во пораката од Меган и Хари.
Двојката која се венча пред една година, пред неполн месец го доби првото дете, синот Арчи.
Текстот Меган и Хари објавија приватни слики од свадбата за првата годишнина е превземен од Reporter.mk.