Меган Маркл во мини сукња ја провоцира кралицата Елизабета

Војвотката од Сасекс Меган Маркл за време на хуманитарниот настан во лондонски West End се појави во краток фустан. Меган на настанот се појави во придружба на својот сопруг принцот Хари. Настанот има за цел да собере средства за здружението Sentebale.

Ова здружение е оформено од страна на принцот Хари во 2006 година, а Меган во меѓувреме, откако се омажи почна да се грижи за тамошните деца заболени од хив.

Меган на изненадување на јавноста се појави во црн краток фустан кои и ги откриваше колената. Јавноста веќе од претходно знае дека поранешната американска актерка нема намера стриктно да се држи до кралските правила.

Кралицата Елизабета II нема да биде пресреќна со краткиот фустан на војвотката од Саскес, пишуваат британските медиуми.

„Мислев дека кралицата преферира фустан под колената. Смешно е што Меган се однесува на ваков начин. Таа изгледаше префинето пред да се омажи за принцот Хари. Сега се гледа дека не припаѓа меѓу кралското семејство. Изгледа многу евтино“, се дел од коментарите на фановите на кралското семејство.

Оние кои застанаа на страната на Меган, велат дека фустанот од канадската модна куќа Judith and Charles и стои одлично.

„Браво. Го раздрма малку кралското семејство. Кејт Мидлтон многу пати носела фустан над колената, па никој не приговарал“, исткнале тие.

Принцот Хари појавувајќи се во смокинг ги испочитува правилата на облекување. И двајцата целата вечер ја минаа во добро расположение заедно со останатите гости.

Текстот Меган Маркл во мини сукња ја провоцира кралицата Елизабета е превземен од Reporter.mk.