Меган снимена со дрога во тоалет, наскоро нов филм за војвотката

Во новиот филм за војвотката Меган Маркл, кој е планирано да излезе оваа година, ќе бидат прикажани сцени во кои сопругата на принцот Хари консумира дрога во јавен тоалет со друг маж.

Во филмот таа се појавува како девојка со низок морал која се служи со вулгарен речник. Војвотката од Сасекс, која претходно се одрече од актерската кариера поради венчавката со принцот Хари, сега ќе се појави на филмското платно, затоа што филмот го снимила пред венчавката.

Кралското семејство нема да биде нималку воодушевено кога ќе ја види Меган во новата улога, затоа што таа во филмот претставува сè спротивно на она што сега во јавност се претставува.

Претходно продуцентите на серијата „Суитс“, во која Меган ја имаше главната улога, ѝ понудија на Американката шест милиони долари за да се врати на снимањето. Таа категорички ги одби.

Текстот Меган снимена со дрога во тоалет, наскоро нов филм за војвотката е превземен од Reporter.mk.