Меган успеа да ги налути фановите

Меган Маркл во моментов важи за најголемата ѕвезда во британското кралско семејство. Луѓето ја обожаваат, и тоа јавно го покажуваат кога таа ќе се појави во јавноста. Но на едно од последните појавувања, дошло до инцидент поради што фановите ѝ замериле на војвотката.

Меган, пипуваат медиумите, отишла на еден од локалните пазари на Фиџи, а иако требала да помине 20 минути таму, обезбедувањето ја тргнало по шест минути, бидејќи според нивната проценка, преголемиот број на луѓе кои дошле да ја видат претставувале потенцијална опасност за неа.

На видеото што се појавило во јавноста може да се види како шефицата на обезбедувањето на Меган доаѓа со останатите помошници до војвотката и ѝ објаснува како мора да тргне со нив за да не ѝ се случи нешто лошо.

Фановите ѝ замериле на Меган поради оваа постапка, бидејќи, како што може да се прочита на социјалните мрежи, никој не сакал да ја загрози. Имено, присутните останале разочарани, бидејќи ја пропуштиле можноста да поразговараат со неа.

Текстот Меган успеа да ги налути фановите е превземен од Reporter.mk.