Меколи Калкин никогаш не го гледа „Сам дома“

Актерот Меколи Калкин, кој уште како дете се прослави со улогата на Кевин во филмот „Сам дома“, вели дека не го гледа популарниот филм и дека последен пат го гледал кога имал 20-тина години.

„Поминаа повеќе од 15 години откако не сум го гледал филмот. Многу луѓе дури сакаат да го гледаат во мое друштво, а мене тоа истовремено ми годи, но и многу ми  е чудно. ‘Сам дома’ никогаш не можам да го гледам на ист начин како и другите. Секогаш се присетувам на снимањето и на тоа како со ‘Пепси’ во раката се криев зад креветот“, рекол Калкин.

Тој во едно скорешно интервју открил дека освен што не го гледа филмот кој му донесе светска слава кога имаше 12 години, околу Божиќ ги избегнува луѓето и ретко излегува од дома.

„Наместо задоволство, улогата на Кевин и денес ми предизвикува непријатност и проблеми“, додал Калкин.

Текстот Меколи Калкин никогаш не го гледа „Сам дома“ е превземен од Reporter.mk.