Меколи Калкин одбил улога во The Big Bang Theory

Некогашниот актер Меколи Калкин, кој стана познат по ликот на Кевин Мекалистер во серијалот „Сам дома“, изјавил дека одбил понуда во серијата The Big Bang Theory.

Како што навел Меколи, тој имал понуда на маса да игра во оваа серија, но сепак ја одбил.

„Не можев да се замислам во такво телевизиско шоу“, изјавил Калкин за време на гостувањето кај водителот Џо Роган, но не прецизирал кој лик требало да ги игра.

„Ме бара во серијата, но јас ги одбив. Продуцентите се враќаа неколку пати. Постојано ги одбивав. Дури и мојот менаџер се обиде да направи сѐ за да ја прифатам оваа понуда“, изјавил Меколи, кој додава дека повеќе не го интересира актерството.

Серијата The Big Bang Theory важи за една од најпопуларните светски серии. Актерите од ова остварување заработуваат огромни хонорари. Џон Галецки, кој го игра ликот на Леонард и Џим Парсонс, кој го глуми ликот Шелдон, од една епизода заработува по милион долари.

 

Текстот Меколи Калкин одбил улога во The Big Bang Theory е превземен од Reporter.mk.