Мел Би итно пренесена во болница, се плаши дека ќе ослепи

Поранешна членка на „Спајс Грлс“, пејачката Мелани Браун е итно пренесена во болница во Лондон, откако утрово ѝ се слошило и почнала да се жали дека не гледа на десното око. Таа пред 20 години имала ласерска операција да го подобри видот. Извор за iHeart радио вели дека пејачката била донесена во болницата со превез на окото, дека врескала и повторувала дека ќе ослепи. Мел Би е се уште во болница, а докторите во следните денови ќе знаат дали ќе го изгуби видот или не.

Од здравствената состојба на Мел Би ќе зависи дали четирите девојки: Мел Би, Мел Си, Гери Халивел и Ема Батон ќе ја почнат својата турнеја во Брианија. „Спајс грлс“ треба да го одржат првиот концерт на 24 мај во Даблин, а потоа да имаат концерти во Кардиф, Манчестер, Единбуг, Сандерленд, Ковентри, Бристол и турнејата да ја завршат со голем концерт на стадионот „Вембли“ во Лондон во средината на јуни.

Текстот Мел Би итно пренесена во болница, се плаши дека ќе ослепи е превземен од Reporter.mk.