Мел Би ќе ги открие валканите тајни на „Спајс Грлс“

Невизнесно е повторно собирање на пејачките од некогаш популарната светска музичка група „Спајс Грлс“ , а причината е  Мелани Браун, една од членките во групата.

Во нејзината автобиографска книга, која наскоро трба да излезе има и детали кои се однесуваат на останатите девојки од групата.

Британските девојки се честа тема на кулоарите веќе со години. Во последно време шпекулациите за нивното повторно активирање на музичката сцена, беа се поголеми.

Мел Б. според пишувањата на британски „Сан“, наскоро ќе ја објави својата автобиографија во која ќе се најдат бројни сочни и не многу убави работи за останатите девојки од групата, Мелани Си,  Викторија Бекам, Ема Бантон и Гери Халивел.

„Откако книгата ќе биде објавена, нема да постои ни трошка надеж за нивно повторно собирање. На површина ќе исплива голем дел од „валканата долна облека““, открива неименуван извор.

43 годишната Мел Би. открива детали од неколку конфликти кои ги имала со остантите колешки. Еден од нив ја вклучува и Викторија Бекам и наводната расправија која ја имале за новите фустани. Во книгата забележан е и конфликтот со Гери Халивел и начинот на плаќањата за нивните настапи.

Книгата наскоро ќе биде промовирана и на јавноста ќе дознае голем број од тајните за популарните девојки од 90-те години од минатиот век.

Последниот заеднички настап, „Спајс грлс“ го имаа во 2012 година.

 

 

Текстот Мел Би ќе ги открие валканите тајни на „Спајс Грлс“ е превземен од Reporter.mk.