Меланија: Му го земам телефонот на Трамп кога ќе твитне некоја глупост

Сопругата на американскиот претседат Доналд Трамп, Меланија јавно проговори пред новинарите за време на турнијата низ Африка, дека понекогаш мора да примени ултимативни средства за да го спречи својот сопруг да може да твитува и да пишува секакви глупости.

Додека позираше на новинарите пред една од пирамидите во Египет, Меланија низ насмевка откри дека му го зема телефонот на Трамп, кога нема да и се допадне тоа што тој ќе го објави на социјалните мрежи.

Меланија на новинарите им откри дека многупати досега на својот сопруг му рекла да го остави телефонот.

„На се согласувам секогаш со она што Доналд ќе го напише на Твитер и тоа му го велам во лице“, ја цитира Кејти Роџерс, новинарката на „Њујорк Тајмс“, првата дама на САД.

„Секогаш искрено му велам за она што го мислам и го советувам. Понекогаш знае да ме послуша, но понекогаш не. Имам став и свое мислење и многу ми е важно да ги изразам“, додала таа.

Меланија смета дека изборот на Брет Кавано за судија на Врховниот суд, е правилен и дека тој е висококвалификуван.

Меланија Трамп во својата прва самостојна турнеја за која е кажано дека има дипломатски и хуманитарен карактер, се фокусираше на нејзината кампања #Be Best, која е посветена на децата.

Текстот Меланија: Му го земам телефонот на Трамп кога ќе твитне некоја глупост е превземен од Reporter.mk.