Мемоарите на Мишел Обама се светски бестселер

Издавачката куќа „Пингвин рендом хаус“ објави дека книгата на поранешната прва дама на САД, Becoming е продадена во преку 2 милиона примероци само во Севрена Америка. Само првиот ден биле продадени 725.000 копии од мемоарите на Мишел. Годинава поголема продажба првиот ден имала само книгата на Боби Вудворд, Fear: Trump in the White House. За споредба, книгата на Хилари Клинтон со наслов Living History се продаде во милион примероци за еден месец.

Издавачот вели дека книгата на Мишел е бестселер и во Јужна Африка, Австралија, Германија, Франција и Британија. Книгата на Обама е поделена на три дела, а таа во неа открива дека одамна имала спонтан абортус, дека ќерките ги добила со вештачко оплодување, а дека бракот со Барак не е совршен.

Мишел Обама: Бракот со Барак не е совршен

Текстот Мемоарите на Мишел Обама се светски бестселер е превземен од Reporter.mk.