„Мераклии“, македонски бенд од Швајцарија, има нова песна

Групата „Мераклии“ наскоро ќе ја промовира новата песна „Љубовта нема граници“. Четворицата членови на бендот, кои живеат и работат во Швајцарија, во песната ја опишаа нивната животна приказна. „Љубовта нема граници, нема земја родена и не е важно кај и да си, нека е благословена“, пеат во песната.

Оли, Георги, Ане и Ѓорге се пријатели уште од средношколските денови. Сите се дипломирани музичари, кои уште додека живееле во Македонија свиреле заедно. Од 2015 година функционираат како група „Мераклии“, која ја негува македонската народна музика. Тие деновиве престојуваа во Македонија, каде работеа на нов проект во соработка со неколку колеги.

Во соработка со „Арт студио“ тие снимија видео за најновата песна, но и преработки на повеќе песни како „Седнав да вечерам“, „Ах, ах Ана“, „Наздрави за љубов“, „Како да ти речам мила остани“, „Дајте ми ја Бисера“ и „Свадбарски чочек“ на виолина.

Текстот „Мераклии“, македонски бенд од Швајцарија, има нова песна е превземен од Reporter.mk.